Тажна вест: Почина Цирко

489

Со длабока тага јавноста ја прими веста за смртта на Рамуш Муарам – Цирко, долгогодишен активист, хуморист, новинар и публицист, соопшти Рома Прес.

Според информации што претходно се појавија во медиумите, Муарам извесен период бил во тешка здравствена состојба и се борел за живот, но без официјално објавена дијагноза. И покрај напорите, битката заврши трагично.

Со неговото заминување, заедницата губи силен и препознатлив глас, човек кој со својата искреност, храброст и специфичен хумор оставаше длабок белег во јавниот простор. Неговата работа беше посветена на информирање, подигање на свеста и афирмација на вредностите, по што ќе остане запаметен.

Колеги, пријатели и роднини се простуваат од него со емотивни пораки, нагласувајќи дека неговиот дух и делото што го остави ќе продолжат да живеат.

„Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен“, порачуваат тие.

Претходна вестПочина познатиот македонски пејач – естрадата, роднините и пријателите се простуваат од него
Следна вестВонредно обраќање на Путин – го прекинува огнот со Украина, објасни зошто и колку време