За Велигден 2026 година околу 10 неработни денови – денови за одмор

5004

Велигденските празници во 2026 година носат повеќе неработни денови за граѓаните, а во комбинација со викендите може да се добијат и подолги периоди за одмор.

Според календарот, православниот Велигден во 2026 година се паѓа на 12 април (недела), додека вториот ден на Велигден – 13 април (понеделник) е неработен ден за сите граѓани.

За верниците од православна вероисповед неработен ден е и Велики петок, кој во 2026 година се паѓа на 10 април.

Кога ќе се земат предвид викендите и празничните денови, околу велигденскиот период може да се соберат повеќе слободни денови, што на многумина им овозможува подолг одмор или патување.

Во 2026 година има и повеќе празници што паѓаат близу до викендите, што значи дека граѓаните ќе имаат неколку продолжени викенди во текот на годинат.

Претходна вестВо Кочани никој не спиеше: Голем број граѓани се собраа пред дискотеката „Пулс“
Следна вестСе огласи и Славчо Попоски: Врнежи од снег во Македонија