Група лица вечерва нападнала неколку млади лица во центарот на Тетово, пренесуваат локални медиуми.
Според првичните информации, во инцидентот учествувале повеќе од 20 лица, а дошло и до физичка пресметка.
Според телевизијата „Коха“, нападот се случил пред кратко време, по што на местото веднаш пристигнале полициски екипи.
Неофицијално, сличен инцидент се случил и претходната вечер, кога истата група наводно била вмешана во тепачка.
Засега нема официјални информации од полицијата за евентуално приведени лица или повредени. Надлежните институции се очекува да излезат со повеќе детали за настанот.




