Вечерва во 02:32 за момент во Кочани ќе застане се

2532

Вечерва во 02:32 часот ќе се одржи минута молк пред дискотеката „Пулс“ во Кочани, во знак на сеќавање на жртвите од трагичниот пожар што се случи минатата година.

Со овој чин граѓаните, семејствата на настраданите и присутните ќе оддадат почит на загинатите во една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата. Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на музички настап, при што животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Трагедијата ја потресе целата држава, а случајот во моментов е предмет на судска постапка. Во процесот се сослушуваат сведоци и се изведуваат докази поврзани со причините и одговорноста за пожарот.

Комеморативниот чин со минута молк има за цел да го зачува сеќавањето на жртвите и да потсети на трагичните настани што се случија таа ноќ во Кочани.

Претходна вестЗимата се враќа во Македонија – најавено значително заладување и врнежи од снег, познато од кога
Следна вестТАЖНА ВЕСТ: Почина чичко Драги од Рекорд