Зимата се враќа во Македонија – најавено значително заладување и врнежи од снег, познато од кога

3742

Зимата повторно се враќа во Македонија и на Балканот.

Според најновите прогностички материјали, од 17 март следува значително заладување на времето, проследено со почести и повремено пообилни врнежи.

Метеоролозите најавуваат дека регионот ќе биде под влијание на значително постуден воздух кој ќе продира од север, што ќе доведе до осетен пад на температурите во повеќе делови од Балканот, вклучително и во Македонија.

Со продорот на студената воздушна маса се очекуваат врнежи од дожд во пониските предели, додека на планините тие ќе бидат од снег.

Поради значителното заладување, на планинските места ќе се формира и снежна покривка.

Претходна вестТрагедија рано утрово го потресе регионот: Во страотна несреќа загина 21-годишно момче
Следна вестВечерва во 02:32 за момент во Кочани ќе застане се