(Видео) Нападната американската амбасада – ракета ја погоди точно во целта

1942

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Багдад била цел на ракетен напад, при што проектил погодил дел од комплексот во силно обезбедената „Зелена зона“ на ирачката престолнина. Според безбедносни извори, ракетата паднала во рамките на амбасадниот комплекс и погодила хелиодром, по што над објектот се издигнал густ чад.

Инцидентот се случил во време на силна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, поврзан со воените дејствија меѓу САД, Израел и Иран. Во последните недели повеќе проирански вооружени групи во Ирак најавија дека ќе ги таргетираат американските интереси во регионот.

Ирачки безбедносни претставници потврдиле дека проектилот погодил дел од амбасадниот комплекс, но засега нема официјални информации за евентуални жртви или поголема материјална штета. По нападот, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа чад што се издига од зградата на дипломатската мисија.

Амбасадата на САД претходно издаде предупредување до своите државјани во Ирак за зголемени безбедносни ризици и можни напади од групи поврзани со Иран, повикувајќи ги да бидат исклучително внимателни.

Нападот дополнително ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот во регионот, особено по серијата ракетни и беспилотни напади врз американски воени и дипломатски цели на Блискиот Исток.

Претходна вестЛошата вест брзо се прошири: 400 македонски работници остануваат без работа
Следна вестУжас ја потресе Македонија: Полицаец силувал и сексуално злоставувал малолетно момче две години