Ужас ја потресе Македонија: Полицаец силувал и сексуално злоставувал малолетно момче две години

4233

Министерството за внатрешни работи потврди за телевизија Телма дека полициски службеник е осомничен за кривично дело „полов напад и силување“ врз малолетник во Велес.

Осомничениот, според информациите, вчера бил приведен.

Од МВР информираат дека пријавениот В.К. во периодот од 2024 до 2025 година во повеќе наврати го наведувал оштетениот, роден 2008 година, да извршува полови дејствија врз себе.

Според информациите, момчето во моментот на настаните било малолетно, а случајот неодамна бил пријавен во полиција.

Од МВР посочуваат дека однесувањето на осомничениот во текот на целиот период кај оштетениот предизвикало чувство на вознемиреност, срам и страв дека доколку се дознае што се случувало, тоа може да има негативни последици за него.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходна вест(Видео) Нападната американската амбасада – ракета ја погоди точно во целта
Следна вестГолем удар за сите земјоделци – значајно поскапува нешто без кое тие не можат