Лошата вест брзо се прошири: 400 македонски работници остануваат без работа

3518

По најавите за намалување на работната сила кај „Бехтел и Енка“, отпуштања се очекуваат и во „Гентерм“ во Прилеп.

Ова го потврди заменик-министерот за економија Марјан Ристески, кој изјави дека американската компанија Gentherm во ТИРЗ Прилеп ќе го намали бројот на работници поради осовременување на производството.

Засега нема официјална потврда колку вработени ќе бидат опфатени, додека во дел од локалните извештаи неофицијално се споменува бројка од околу 400 лица, како и можност дел од производството да се префрли во Мароко, а дел повторно да се врати во Украина.

Ристески тврди дека ударот врз прилепскиот пазар на труд би можел делумно да се ублажи со новиот погон на германската компанија WIK Group, кој, според неговата изјава, треба да биде отворен за околу еден месец во истата зона.

Владината порака е дека дел од луѓето кои ќе останат без работа во „Гентерм“ би можеле да најдат ангажман таму, но засега тоа останува очекување, а не конкретен план со објавени бројки.

Претходна вестЦената на нафтата повторно направи ШОК: Ваква цена не се памети од 2022 година
Следна вест(Видео) Нападната американската амбасада – ракета ја погоди точно во целта