ТРАГЕДИЈА: Млад маж пронајден починат, телото предадено на обдукција

1424

Вчера, околу 06 часот, пред Поликлиника „Ченто“ во Скопје бил пронајден починат маж на возраст од 44 години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот во 07:00 часот бил пријавен во СВР Скопје од медицинскиот персонал на поликлиниката.

Лекар извршил преглед и констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот Е.Е. од Скопје е предадено за обдукција, со цел да се утврдат точните околности и причината за смртта.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Претходна вестУжас утрово го разбуди светот: Во голем пожар во дискотека – дивоградба, загинаа најмалку 25 лица, од кои и туристи во градот Гоа во Индија
Следна вестСнег вечерва во Македонија