Ужас во фамилијата која вдомила куче скитник: Пит бул го нападнал и убил нивното 18-месечно дете

1507

На грчкиот остров Закинтос се случи голема трагедија кога семеен питбул уби 18-месечно бебе.

Детето било во дворот на семејната куќа кога питбулот му се приближил и, од непозната причина, го нападнал, објави порталот „Прототема“.

Според извештаите, детето било во дворот на својата куќа, откако заедно со родителите се вратиле од шопинг.

Родителите во паника повикале служби за итни случаи и детето било однесено во болница, но веќе било предоцна.

Таткото на детето е од албанско потекло, а мајката е Британка и двајцата живеат на островот Закинтос со години. И двајцата се во притвор за да се испита дали има елементи на небрежност. Питбулот бил нивни миленик подолго време, и тие не очекувале такво однесување. Од непознати причини кучето се разбеснило и реагирало убиствено.

Локалната заедница на островот е шокирана од инцидентот, а надлежните органи веќе се мобилизираа за да ги истражат околностите на нападот, пишува грчкиот портал.

Претходна вестМитко Јанчев перфектно го организираше Конгресот за избор на последен мандат на Мицкоски, докажа дека е подготвен да го наследи
Следна вестУжас утрово го разбуди светот: Во голем пожар во дискотека – дивоградба, загинаа најмалку 25 лица, од кои и туристи во градот Гоа во Индија