Таткото и двете ќерки се во притвор, Јулијана е на слобода и порача: Ова не е против кравите, туку против нас

17567

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со акцијата за собирање на кравите, додека таткото и двете ќерки веќе се во осумдневен притвор. Од АХВ за Телма потврдуваат дека нивни екипи секојдневно излегуваат на терен, заедно со полицијата, но дека засега не можат да споделат повеќе детали.

„Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на решенија за одземање на животните и во соработка со надлежните институции ќе продолжиме во спроведувањето на мерките. Во однос на овој случај Агенцијата активно работи на решавање на истиот и до овој момент во интерес на истрагата ова се информации кои може да се споделат во јавноста“, изјави Оливер Миланов, директор на АХВ.

И додека поголем дел од кравите и натаму слободно шетаат по нивите и патиштата во кривопаланечко, поголемиот дел од семејството кравари се во притвор поради вчерашното попречување на полициската и работата на инспекторите од АХВ. Од семејството, пак, тврдат дека немало никакво противење. Една од ќерките за Телма изјави дека тие биле целта, а не кравите.

Жителите на околните села со години се жалат дека кравите им го уништуваат земјоделското производство, а големи количини зелка завршуваат како отпад. Тврдат дека постојано се соочуваат со закани од семејството и бараат државата итно да реагира.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за Телма посочуваат дека семејството Ѓорѓиевски од 2020-та година наваму поднесувало барања за субвенции, но никогаш не дозволиле инспекторска контрола на терен, поради што нивните барања биле одбиени.

Извор: Телма

Претходна вестПо Миле од Неготино се трагаше повеќе месеци – Неговата сестра ја објави тажната вест: Летај со ангелите
Следна вестВечерва тешка сообраќајка – сообраќајот пренасочен по лента за престигнување