Подгответе се: Доаѓаат врнежи од снег во Македонија – ЕВЕ КОГА

802

Веќе од север во нашата Македонија започна да се спушта ладен воздух кој позначително ќе ги спушти температурите на воздухот и во текот на денешниот неделен ден максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени.

Особено во западните и во југозападните предели повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Времето ќе продолжи да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а повеќе врнежи ќе има во западните предели каде локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри дожд за 24 часа).

Поради заладувањето на планините над 1200 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје и околината денес ќе имаме повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од јужен а попладне и навечер од северен правец.

Метео анализа на Славчо Попоски

Претходна вестВо страотна сообраќајна несреќа, загинаа најмалку 10 лица, има и многу повредени – Мексико во тага и шок
Следна вестНема одмор за полицијата во Македонија: Во голема акција – уапсени 7 лица