Почна увид во избирачкиот список, еве како да проверите дали ве има

58

Јавниот увид во Избирачкиот список започна денес (23 август) и ќе трае 20 дена — заклучно со 11 септември на полноќ. ДИК ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци и навреме да пријават евентуални неточности.

Поднесувањето барања за запишување, дополнување или бришење на податоци се врши писмено во подрачните одделенија или месните канцеларии на ДИК, како и по електронска пошта. Комисијата е должна да донесе решение во рок од 24 часа од приемот на барањето, а против одбивачко решение може да се поднесе тужба до Управниот суд, кој исто така одлучува во рок од 24 часа.

Подрачните одделенија, чиј список е објавен на веб-страницата на ДИК, работат секој ден од 8 до 20 часот (и за викенд и празници); на последниот ден од увидот (11 септември) ќе бидат отворени до полноќ за проверка во националниот избирачки список.

Упатство како да проверите онлајн – чекор по чекор:

Отворете ја официјалната страна на ДИК со кликнување на овој ЛИНK

По ЕМБГ“ – внесете матичен број и безбедносен код, па кликнете „Барај“. Ќе добиете потврда дали сте запишани.

Ако забележите неточност (погрешни податоци/непронајден запис), поднесете барање за запишување, дополнување или бришење на податоци – писмено во подрачно одделение/месна канцеларија на ДИК или по електронска пошта на izbori@sec.mk. Со барањето приложете соодветни докази.

Претходна вестУжас ја вознемири Македонија: 22-годишна девојка смртно прегази пешак Украинец
Следна вестВ понеделник се очекува да се комплетира листата со експерти кои ќе утврдуваат дали се вршеле непотребни операции кај пациенти во приватните болници