Силни пукотници и експлозии се слушнаа во главниот објект на Турската воздушна индустрија (ТАИ) во главниот град Анкара во средата попладне.
Неколку жртви беа пријавени во терористичкиот напад, чија цел беше главниот објект на Турската воздушна индустрија (ТАИ) во главниот град Анкара во средата попладне.
Непотврдени извештаи велат дека можеби се работи за бомбаш самоубиец.
Медиумите јавија за пукотници од огнено оружје, иако не е јасно дали станува збор за терористички напад.
Непотврдени информации велат дека тројца вооружени напаѓачи се обиделе да влезат во просториите и дека дошло до вооружен конфликт.