Хорор ги потресе сите: Уапсена ќерка за убиство на неподвижен татко

592

Полицијата во Ниш ја уапсила Д.М. поради основано сомнение дека го убила својот татко, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Полицијата во Ниш ја уапсила Д.М.(56) поради основано сомнение дека го убила нејзиниот татко С.Ѓ. (79)“, рекол Дачиќ, како што информираат од МВР на Србија.

Во текот на утрото пронајден е С.Ѓ. во неговиот стан, со повеќе повреди на главата и телото, од чии последици починал.

Жртвата била неподвижно лице, а инцидентот го пријавила медицинска сестра во домот. Полицијата има основани сомнежи дека сторителот е ќерка на починатата Д.М., и се товари за кривично дело тешко убиство, а понатамошната постапка ќе ја преземе обвинителството“, рече Дачиќ.

претходниот член,Јавен обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката кај Катланово
Следната статијаФОТО: Километарски редици поради несреќата во која загинаа 3 лица, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес и натаму е блокиран