Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ – за десет дена трипати си го погазивте зборот

1703

Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, преку објава на Фејсбук ја прозва ВМРО-ДПМНЕ по синоќешното гласање на законските измени за реорганизација на министерствата кон кое, по средбата со претставници на партијата на Христијан Мицкоски, во последен момент се приклучија дел од пратениците на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.

Каде сте ‘патриотчиња’? Каде сте, кај отидовте? За вас плаче… На власт се, не ги барајте! ДПМНЕ + ДУИ ❤️“, пишува Петровска во објавата на Фејсбук.

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, Петровска, меѓу другото, потсети на изјавите кои во предизборието ги даваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оти ДУИ повеќе не е фактор и треба да се игнорира.

„На 26 февруари Мицкоски рече дека ДУИ не е повеќе фактор и треба да се игнорира. Денеска, како што можеше јавноста да види, воопшто не биле игнорирани, на средба со ВМРО-ДПМНЕ се договарале. На 24 април Мицкоски обвини дека СДСМ се пудлици во скутот на ДУИ. После денешната средба и коалиција прашањето е кој во чиј скут седи?“, рече Петровска во синоќешното обраќање од собраниската говорница.

За само десет дена, им се обрати Петровска на ВМРО-ДПМНЕ, трипати си го погазивте зборот.

„Минатата недела гласавте за сè она што 2017 година критикувавте. Денешното однесување со закажувањето на седницата во 22:00 часот по итна постапка е уште едно погазување на се она што ВМРО-ДПМНЕ го говореше изминатите седум години. Се посипавте со пепел уште неседнати во Влада. Обинувавте за скратена постапка, а денеска молк, штама. Неважно е што се работи за системски закон, неважни се принципите за кои седум години зборувавте, неважна е експертката јавност, Деловникот. Третото посипување со пепел односно голтање на зборови е соопштението од ВМРО-ДПМНЕ објавено вчера за средба со ‘Европскиот фронт’“, додаде Петровска.

Претходна вестБомба од Собрание доцна вечерва: ДУИ ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за реорганизација на министерствата
Следна вестГолема трагедија: Се удави маж во Охридското езеро