Решен проблемот кој го имаа паланчани – Со правосилни решенија започнува одземањето на Стадото говеда кое пустошеше по градот

409

Граѓаните на Крива Паланка изминативе години беа сведоци како поради неодговорна грижа на сопственик одгледувач на говеда, неговото стадо пустошеше по градот правејќи штета по имотите на граѓните.

На нехуманиот и недоговрен начин на чување на животните од страна на сопствениците е ставен крај. Од стана на АХВ изречена е прекршочна мерка за одземање на животните од одгледувалиштето, која веќе е правосилна од 17 април 2024 година и веќе оваа недела како што информираат од општина Крива Паланка се очекува голема акција за заловување на говедата.

Со оваа мерека конечно граѓаните на оптштина Крива Паланка ќе можат да здивнат, а нивните имоти нема да бидат оштетувани.

Пред донесување на ова конечно решение Агенцијата за храна и ветеринарство, со свои официјални ветеринари, на 29 и 31 јануари 2024 година извршиле вонреден инспекциски надзор на подрачјето на Крива Паланка, каде е костатирано дека сопственици на одгледувалиште на говеда не ја обезбедиле соодветната заштита и благосостојба на животните, кои се под нивна грижа и за нив не обезбедиле соодветни услови за чување.

Против сопствениците на одгледувалиштето покрената е прекршочна постапка за сторен прекршок по член 12 став 1 и 2 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Комисијата пак за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство на ден 05.03.2024 година има донесено Решение со кое сопствениците се прогласени за одговорни за сторениот прекршок дека не обезбедиле заштита и благостотојба на животните кои се под нивна грижа.

За потсетување Собранието на 20 март 2023 година како предлог на пратеничката група од СДСМ, ги донесе измените во Законот за заштита и благосостојба на животните. Токму со овие измени во законот се создаде можноста при вршење на работите на инспекциски надзор официјалниот ветеринар на физичкото и правно лице да изрече посебна прекшочна мерка, одземање на животните за сторени прекршоци во случај кога одгледувачите и/или сопствениците на животни не обезбедиле заштита и благосостојбата на животните кои се под нивна грижа.

Претходна вестВИДЕО: Се судрија два воени хеликоптери: Загинаа сите членови на екипажот
Следна вестДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Познато што ќе се случи со ученикот кој истепа професорка