Бојмацалиев во посета на СВР-Штип и ОВР-Свети Николе

167

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, остварија работни средби со раководствата на СВР Штип и ОВР Свети Николе, во рамки на серијата посети на Секторите за внатрешни работи низ државата, со цел увид во сработеното во првото тримесечје на 2024 година.

Притоа, Бојмацалиев ги посети управните служби, а беше презентирана и опремата во делот на безбедноста во сообраќајот. Бојмацлиев вели дека безбедносната состојба на ова подрачје е стабилна и поволна. Од вкупниот број на кривични дела, од познат и непознат сторител постигната е ефикасност во расветлувањето од 40%, додека процентот на расчистени кривични дела изнесува 71% .

– Во делот на општиот криминал бележи намалување од 11% . Кај кривичните дела од познат и непознат сторител бележиме намалување за 21%, со постигната ефикасност во расветлувањето од 37 %, додека расчистени се 64% од вкупно пријавените кривични дела. Кај кривични дела од областа на економски криминал бележиме зголемување од 67% , за кои се поднесени 20 кривични пријави против 43 сторители. Во делот на недозволена трговија во текот на првото тримесечје 2024 евидентирани се 33 кривични дела, за кои се поднесени 29 кривични пријави против 30 сторители, вели Бојмацалиев.

Тој истакна дека од преземените мерки од областа на недозволена трговија со дрога од страна на СВР Штип во првото тримесечје 2024 година во рамки на ОА„Хидра“ поднесени се 12 кривични пријави за сторени 14 кривични дела , против 13 лица, лишени се од слобода 23 лица, извршен е претрес на 24 локации, при што на пет локации е пронајдена дрога. При посетата на ОВР-Свети Николе, Бојмацалиев додаде дека се подобрени работните услови на полициските објекти на подрачјето на СВР Штип.

-Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Штип изминативе шест години беа реконструирани осум објекти меѓу кои и објектот каде што бевме денеска во посета ОВР Свети Николе, ОВР Пробиштип, ПС за БПС Штип, ПК Македонска Каменица, ОВР Кочани, ОВР Виница, ОВР Берово и ОВР Делчево за што од буџетот на МВР беа издвоени над 90 милиони денари, а при изведбата беа имплементирани мерки за поголема енергетска ефикасност на сите објекти, а со тоа обезбедена поголема заштеда на енергија и заштита на животната средина, рече Бојмацалиев.

Тој верува дека колегите од СВР Штип ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

претходниот член,Николовски со гордост: Украина учи од нас за евроинтеграцискиот процес
Следната статијаЕден од најголемите критичари на Стево призна: Реално е, да му честитаме на Пендаровски нов мандат