Инцидент во ресторан во Струга: Искршени возила, претепан вработен…

218

Ноќеска во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се С.К.(36) и Б.С.(38), двајцата од Струга.

Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот А.Н. од Охрид.

Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПочинаа најстарите сијамски близнаци на светот
Следна вест„Ни ГПС нема да те најде“…„Пакувај куферите и бегај од државава“ – ВМРО-ДПМНЕ со отворени закани кон Пендаровски