ВЕЛЕС: Ги терал своите деца да питачат, а парите ги трошел во казино

180

Децата питачеле, а таткото ги трошел парите. Една од ваквите тажни приказни од крстосниците и широките булевари „се пресели“ во обвинителството. Оттаму откриваат дека истражуваат случај на запуштање и малтретирање на две деца од Велес. За овие две кривични дела е осомничен таткото од селото Извор, велешко, кој парите собрани од питачење ги потрошил на коцкарските апарати низ казината. Органите на прогонот стравуваат дека постои опасност осомничениот да избега или да го повори делото и според тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор.

Ова не е единствениот ваков случај во извештаите на надлежните. На улиците во сите градови со години наназад се забележуваат деца кои продаваат ситни производи, питачат, собираат стари работи од контејнерите или ги чистат стаклата од автомобилите, со што го доведуваат во опасност сопствениот живот и животот на останатите учесници во сообраќајот. Од здружението „Градиме иднина“ кои водат битка да се стави крај на питачењето, прв апел до граѓаните им е – да не даваат пари на питачите.

Јовановиќ побара од техничиот министер за труд и социјала Ѓоко Велковски да го повика на средба и повеќе да се ангажира околу проектот.

Околу 1.500 до 2.000 деца секојдневно питачат во Македонија, а околу 400 од нив се во главниот град.

Претходна вестВАЖНО: Доколку денес се возите со ЈСП – ова мора да го знаете
Следна вестМанекенка на 16 години се омажила за 50 години постар политичар: Ден по венчавката ја унапредиле мајка ѝ