Информа од партиски извори го дознава кончниот распоред на носителите на листите за претстојните парламентарни избори.
Димитар Квачевски, претседател на СДСМ ќе биде носител на пратеничката листа во изборната единица 1.
Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во изборната единица 2.
Директорката на УЈП и потпретседател на СДСМ, Сања Лукаревска во изборна единица 3.
Четворката ќе ја предводи поранешниот министер за здравство Венкко Филипче.
Во петата изборна единица челната позиција ќе ја заеме актуелниот претседател на Собранието Јован Митревски.
Марко Михаиловски ќе биде носител во изборната единица број 6.
Инаку, СДСМ денеска на седници на Централниот и на Извршниот комитет, а потоа и на Конгрес на партијата треба да донесе одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори.