Животот и висеше на конец: Младата Македонка ја победи тешката болест (ФОТО)

819

Македонската кошаркарска судијка Ема Никочевиќ вечерва се врати на судењето, неколку месеци откако поради тешка болест се наоѓаше во сериозна живота опасност.

Оттаму, прекрасна е веста дека одличната судијка не само што излезе како победник од најважната битка, туку и се врати на делењето на правдата на вечерашиот кошаркарски дуел меѓу кадетските селекции на Македонија и Швајцарија.

„По двомесечна пауза, моето враќање на теренот како кошаркарски судија беше исполнето со мешавина од возбуда и неизвесност. Искрено, имав многу прашања во главата. Односно дали ќе успеам да се снајдам, дали ќе ја издржам физичката динамика на натпреварот, и дали ќе го следам критериумот што го бара играта“– не ги крие своите емоции Ема во изјавата за официјалната веб-страница на КФСМ.

Како што вели, некако се сè „вратило на своето место“…

„Сомнежот исчезна веднаш штом ја ‘свирнав’ првата одлука. Во тој момент, сè си дојде на свое место и влегов во ритам. Се чувствував сигурно, стабилно и поддржано, благодарение на извонредниот судиски тим што беше со мене, Иван Мијалковски и Бисера Јакова, делегатот, како и целата записничка маса, кои имаа разбирање и создадоа пријатна и професионална атмосфера“- вели Никочевиќ, и дополнува:

„Особено сакам да изразам голема благодарност до кошаркарската федерација на Македонија за континуираната поддршка. Тоа што повторно бев на терен, и што се снајдов одлично, ми донесе исклучителна радост и потврда дека сум подготвена и посилна од кога било. Овој натпревар за мене беше повеќе од само спортска задача, за мене значеше лична победа“.

Претходна вестПрви вести од лице место: Познат идентитетот на трите загинати лица на автопатот Тетово-Скопје
Следна вестОд Ресен до Скопје – пратеник со 13.200 евра патни трошоци за една година