Затвореник од Идризово починал од повреди од друг затвореник

86

Затвореник во затворот „Идризово“ на 31 мај годинава тешко телесно повредил друг затвореник напаѓајќи го со тупаници и клоци. Од нанесените повреди, затвореникот починал на 22 јуни.

Ова го соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје, од каде што посочија дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото, па затоа јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предолг за определување мерка притвор“, се вели во соопштението од Обвинителството.

претходниот член,„Кој не може да носи пушка, ќе носи гребло и мотика“ – Хрватска го враќа воениот рок, ќе биде ЗАДОЛЖИТЕЛЕН
Следната статијаОБНОВЕНО: Лифтот во кој се заглави екипа на Брзата помош паднал од приземје во подрумот, пациент немало внатре