Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има.
Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.
И во Скопје и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
