Страшен инцидент се случил во Тетово.
Куче било фрлено од зграда и паднало на асфалт каде починало по 20 минути.
За случајот алармира организацијата за заштита на животните – Анима Мунди, која објави и видео од настанот на кој се гледа како кучето паѓа од седми кат.
Тие бараат Министерството за внатрешни работи итно да ги лоцира и приведе сите инволвирани во убиството на ова куче.