Возило излета од патот – повредени три лица, од кои двајца малолетници

1282

Возило излета од патот – повредени три лица, од кои двајца малолетници

Скопје, 20 април 2026 – Вчера наутро во селото Долно Свиларе, скопско, се случи сообраќајна несреќа во која патничко возило „Фолксваген Туран“ излетало од патот и удрило во бетонски столб.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 08:50 часот во СВР Скопје.

Возилото со скопски регистарски ознаки го управувал 20-годишниот З.Ј. од Долно Свиларе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, додека возачот и уште еден малолетен сопатник претрпеле телесни повреди.

Сите тројца повредени, жители на Долно Свиларе, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им е укажана медицинска помош.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за излетувањето од патот.

Претходна вестПад на цените на бензинот и дизелот
Следна вестУЈП: Ако не плативте данок, следува блокада веднаш и камати