Вонредно сознание на ТВ24: На Груби му се заканува ликвидација

3357

Три службени белешки кои по автоматизма од МВР стигнале до ОЈО – се клучнит аргумент за обвинителот Даниел Коцев да побара домашен притвор за екс вицепремиерот Артан Груби повикувајчи се на неговата загрозена безбеднсот во притвор .

Според неофицијалните информациите на ТВ 24 од истрагата клучната дека на Груби му се заканува ликвидација од човек со криминален бекграунд , АНБ ја добило од надворешна служба пред повеќе од година, по што ја испратило до МВР , а тие по службен пат до ОЈО .

– Пред една година до АНБ се обрати разузнавачка служба од соседството со податоци кои ги пресретнале дека на Артан Груби му се заканува опаснсот по живот и ликвидација од лице со криминално минато и познато во криминалните кругови- вели за ТВ 24 извор од истрагата

Според него Груби по таа дојави добил полициско обезбедување , кое го користел се до бегството од земјава . Во меѓувреме МВР споделиле и други информации до ОЈО кои до нив стигнале како сознанија од институциите кои покажале дека екс првиот вицепремиер и најблизок човек на Али Ахмети не е безбеден . Според истите извори едната била по неговото бегство. Нема детали кои други опасности го демнеле Груби, освен заканите за ликвидација што Макаедонија ги добила од странска служби.

Извори на ТВ 24 и од АНБ и од МВР тврат дека беедносна проценка на која се повикуа ОЈО како основ за барањето за домашниот наместо притвор во Шутка не е направена по враќањето на Груби, кога насмеан на преминот Блаце доби лисици на рацете и беше пренесен во Шутка каде се задржа само неколу часа.

Официјално од АНБ не сакаат да коемнтираат, а од МВР индиректно ги потврдувата информациите на тв 24 и порачуваат дека полицијата не направила било каква проценка каде би бил Груби побесбеен или понебезбеден.

Целата вест прочитајте ја на ТВ24 – клик ТУКА.

Претходна вестУтринава страотна несреќа помеѓу мопед и товарно возило
Следна вестГолема трагедија сподели на социјалните мрежи актерот Васил Зафирчев