Утринава страотна несреќа помеѓу мопед и товарно возило

1403

Доцна синоќа во 01:35 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во село Турново, општина Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед без регистарски ознаки и товарно возило „Ивеко“ со полуприколка со струмички регистарски ознаки.

Како што информираат од СВР Струмица, мопедот бил управуван од И.Ј.(45) од село Бориево, додека товарното возило го управувал В.Г.(64) од Струмица.

По незгодата, возачот на товарното возило не застанал на местото на настанот, но по преземени мерки бил сопрен од полициски службеник.

Според информациите од струмичката болница, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Претходна вестТрагедијата која ја зави Македонија во црно и ја остави без претседател – 22 години од авионската несреќа кај Мостар
Следна вестВонредно сознание на ТВ24: На Груби му се заканува ликвидација