ВОНРЕДНО: Марија Шерифовиќ утре требаше да има концерт во Скопје – истиот е одложен, пејачката во тага ја откри причината

14874

Долго најавуваниот концерт на балканската музичка ѕвезда, Марија Шерифовиќ во Скопје утре нема да се случи. Истиот е одложен.

Оваа одлука лично ја соопшти пејачката која се огласи на социјалните мрежи каде што напиша:

– Мојата душа и моите молитви се со семејствата на жртвите и сите кои беа повредени во оваа страшна трагедија. Ги замолувам моите фанови и сите оние кои планираа утре да дојдат во Скопје за разбирање и сочувство. Новиот датум на концертот е 10 ноември. Моето срце е со сите вас, а денес најмногу за Нови Сад, порача Шерифовиќ.

Како што е познато попладнево во Србија, поточно Нови Сад се случи страшна трагедија каде што се сруши настрешница на железничката страна и загинаа најмалку 8 лица, а многу се повредени.

Претходна вестОсум загинати во несреќата во Србија, спасувачите се борат да извлечат живи луѓе – Вучевиќ: Црн петок за Србија
Следна вестЛошо е во Србија, лошо… бројот на загинати се искачи на 13, има и едно 6-годишно дете: ОВА се најновите детали