Вонредна вест во Македонија во врска со горивата: Радикален потег на Владата

9598

Владата утре на пладне веќе ќе има донесено вонредни мерки за борба против високите цени на бензините, дознава Прес24 од свои владини извори.

Според информациите, Владата ја следи состојбата со цените на светските берзи кои и натаму растат. Свесни дека тоа ќе се одрази во новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика па најавуваат интервензија за ублажување на ценовниот шок.

До овој момент нема информации какви мерки планира да преземе владата но владини извори веќе најавија дека се размислува за моделот со намалување на стапката за ДДВ на горивата од 18% на 10%.

Во моментов цената на горивата е 92 денари за дизелот и 86,5 денари за литар бензин.

По договор на Владата со еден од најголемите снабдувачи ОКТА, намалени се цените за 2 денари по литар па на најголемиот дел од бензинските цената е 90 денари за дизел и 84,5 за бензин.

Претходна вестЗимата не се предава: Славчо Попоски најавува нови врнежи од снег
Следна вестМајката Маријана ја зеде правдата во свои раце: Го изрешета убиецот на силувачот на својата 7-годишна ќерка, познато е колку ќе одлежи