Во солзи цела естрада: Тажна објава на Горан Алачки – маестрото скршен од болка се огласи на Фејсбук

5919

Македонската естрада деновиве се збогува со Радмила Митровиќ, една од најпознатите текстописци на македонската народна музика, чии стихови остануваат длабоко врежани во музичката историја.

Нејзината смрт предизвика бројни емотивни реакции кај колегите и јавноста, кои преку социјалните мрежи се простуваат од неа со пораки полни со почит и благодарност за нејзиниот огромен придонес.

Меѓу првите што се огласија беше маестро Горан Алачки, кој со емотивна порака се прости од Радмила: „Почивај во мир Радмила Митровиќ. Твоите стихови вечно ќе живеат“, напиша тој на Фејсбук.

Со трогателна објава се огласи и новинарот Дуле Миќиќ, кој сподели фотографии од Радмила и потсети на нејзиното богато творештво, наведувајќи дел од најпознатите песни на кои таа е автор.

Меѓу нив се издвојуваат хитови како „Љубице“, „Сполај ти мајко мила“, „Егејска Голгота“, „Убава си како слика“, „Пусти мерак“, „Свадба Тетовска“, „Сегде појди, дома дојди“, „Роден сум за песна“, „Среќна ти слава мајко“, „Малку ми се три кафани“, „Грло имам со два гласа“, „Параходот Донке замина“ и „На срце ми легнала“, испеани од некои од најпознатите македонски фолк изведувачи.

Со нејзиното заминување, македонската народна музика губи голем автор, но нејзините стихови ќе продолжат да живеат преку песните кои останаа зад неа.

Претходна вестБез веѓи и без филтер: Лила ја покажа својата фотографија од пред 16 години
Следна вестВажна информација за пензионерите – познато кога ќе има ново покачување на пензиите