Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите, и во моментот се истражува тоа. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ќе бидат обелоденети ваквите тврдења во јавноста. – Затоа што некои минати раководства во МЕПСО, за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито, и го истражуваме тоа. За жал, има малку докази, но мислам дека наскоро ќе бидат обелоденети дел од овие тврдења – изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Во Законот за енергетика, кој беше донесен неодамна, изречно е наведено дека МЕПСО нема да може да биде понуден на продажба. Ова акционерско друштво во државна сопственост ќе му припадне на Министерството за енергетика и во Законот има посебни одредби што нема да дозволат да биде продадено на заинтересирано приватно лице
Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите, и во моментот се истражува тоа. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека ваквите тврдења наскоро ќе бидат обелоденети во јавноста.
– Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, приближно втората половина од јануари, меѓу 18:00 и 20:00 часот, и тоа е 1,5 гига. Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига, односно трипати повеќе од техничкиот капацитет и шест пати повеќе од тоа што го трошат граѓаните. Зошто? Затоа што некои минати раководства во МЕПСО, за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито, и го истражуваме тоа. За жал, има малку докази, но мислам дека наскоро ќе бидат обелоденети дел од овие тврдења – изјави премиерот Мицкоски.
Тој негира дека има чести испади на енергетската мрежа и вели дека имало само еден испад изминатиот викенд, поради надворешен фактор.
– Зборуваме за неделата кога имаше зголемени напонски прилики на далноводот што ги поврзува Врање и Штип. Тоа значи дека наместо 400-киловолтна напонска состојба, имаше 460-киловолтна состојба, со што се активираше заштитата на мрежата и нормално е дека се исфрла тој далновод од функција – рече Мицкоски.
При крајот на 2023 година, во јавноста беше лиферувана информацијата дека тогашната влада на СДСМ и ДУИ планира да продаде дел од МЕПСО, но веста беше оценета како лажна од тогашниот премиер, Димитар Ковачевски. Тој демантираше дека воопшто било разговарано и преговарано за какво било продавање на дел од МЕПСО, кој е во 100-процентна сопственост на државата.
На посочувањето дека информацијата за продажба на МЕПСО на грчкиот електропреносен систем оператор доаѓа од грчките медиуми, Ковачевски изјави тогаш дека „тие имаат своја стратегија и може да имаат стратегија како што можеме да имаме и ние“.



