Во Македонија се гласа во 5 градови за парламентарните избори во Бугарија – еве каде

319

Во Македониja на изборите за парламент во Бугарија се гласа во вкупно пет градови – Скопје, Битола, Охрид, Струмица и Прилеп.

Интерес предизвика гласањето на 89-годишниот Ангел Куртелов, кој го оствари своето гласачко право во Охрид. Семејството Куртелови е директен потомок на преродбениците браќа Миладинови, пишува БГНЕС.

Право на глас имаат сите бугарски државјани кои поседуваат валидни бугарски документи за лична идентификација и живеат или привремено се лоцирани на територијата на Република Македонија.

Во главниот град, изборната секција се наоѓа во зградата на Амбасадата на улицата Златко Шнајдер. Процесот се одвива нормално и без големи редици од луѓе.

претходниот член,Несреќа во Скопје: Жена падна во автобус на ЈСП – итно префрлена во болница
Следната статијаСветлана цврсто верува дека и се јавила Света Петка: Раскажала како се случило, а потоа и се јавила сестрата близначка да и каже што сонувала претходната ноќ