Во Македониja на изборите за парламент во Бугарија се гласа во вкупно пет градови – Скопје, Битола, Охрид, Струмица и Прилеп.
Интерес предизвика гласањето на 89-годишниот Ангел Куртелов, кој го оствари своето гласачко право во Охрид. Семејството Куртелови е директен потомок на преродбениците браќа Миладинови, пишува БГНЕС.
Право на глас имаат сите бугарски државјани кои поседуваат валидни бугарски документи за лична идентификација и живеат или привремено се лоцирани на територијата на Република Македонија.
Во главниот град, изборната секција се наоѓа во зградата на Амбасадата на улицата Златко Шнајдер. Процесот се одвива нормално и без големи редици од луѓе.