Во Колумбија се урна авион производен во САД – во него имало 110 војници

1116

Воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, произведен во САД, учествувал во несреќа на југот на Колумбија, соопшти денеска Министерството за одбрана на земјата.

Според министерот за одбрана Педро Санчез, несреќата се случила при полетување од воена база во амазонскиот регион, во близина на границата со Перу.

Во авионот се превезувале припадници на колумбиските вооружени сили.

Засега не е познат точниот број на жртви, ниту причините за несреќата, а надлежните служби работат на утврдување на сите околности.

Според локалните медиуми, во леталото имало околу 110 војници. Исто така, се наведува дека авионот паднал на околу три километри од најблискиот урбан центар.

Претходна вестСмрт во движење ја потресе Македонија – Трагедија на местото викано Кантон
Следна вестДраматичен пресврт: Падна цената на нафтата