Смрт во движење ја потресе Македонија – Трагедија на местото викано Кантон

2727

Вчера попладне околу 17:00 часот, во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „Даеву Тико“ со кумановски регистарски таблички, управувано од М.Д. (64) од Куманово, излетало од патот.

Лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д. (57) биле констатирани телесни повреди и таа е пренесена во Општа болница Куманово.

Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Претходна вестГолоб прогласи победа: „Слобода“ со најмногу мандати во Словенија
Следна вестВо Колумбија се урна авион производен во САД – во него имало 110 војници