Владата донесе нова одлука со која се менуваат правилата за електронско плаќање патарини, со цел да се зголеми ефикасноста, да се намали времето на чекање на наплатните станици и да се поттикне користењето на бесконтактни методи.
Како што информираат за „Блумберг Адрија“, новите мерки треба да придонесат и за зголемена безбедност и намалување на злоупотребите, преку „намалување на влијанието на човечкиот фактор и зголемување на задоволството на граѓаните“.
ИЗМЕНИ
Минимален износ за дополнување на смарт-картичка: зголемен на 500 денари (претходно 300 денари).
Цена на електронски уред МТАГ: намалена од 1.200 на 1.000 денари.
Минимално дополнување за МТАГ: зголемено на 1.000 денари (претходно 300 денари).
Попусти за електронско плаќање:Рок за плаќање на издадена казна (билет): продолжен од 24 на 48 часа.
2% попуст за корисниците на смарт-картички.
3% попуст за корисниците на МТАГ, пресметани при секое поминување на патарина.
Поголема достапност на уредите МТАГ: ќе може да се купуваат и дополнуваат на повеќе продажни места преку надворешни дистрибутери.
Со новите мерки, властите се надеваат дека ќе го зголемат бројот на корисници на електронскиот систем за наплата и ќе го олеснат протокот на возила, особено во летните месеци кога сообраќајот е зголемен.