Денешниот сончев ден, носителката во Изборната единица 3, Сања Лукаревска го искористи за посета на Крива Паланка и Пробиштип, каде видлива беше позитивната енергија од граѓаните со кои таа се сретна и имаше прилика да поразговара, поврзани со актуелни теми, но и од изборната програма на СДСМ за престојните избори.
-Од победничка Крива Паланка, денес отворен промотивен штаб за двојна победа. Заедно сме посилни, затоа што со СДСМ и коалицијата “Нема откажување од иднината”, напиша Сања по посетата во Крива Паланка.
По Крива Паланка, Сања замина во посета на Пробиштип, каде исто така беше пречекана од голем број на симпатизери, притоа беше отворен и промотивни штаб на СДСМ во Пробиштип.