(ВИДЕО) Трагедија: Петгодишно девојче ја загуби битката по пожарот, таткото почина обидувајќи се да ја спаси – ужас го потресе регионот и Панчево

413

Петгодишно девојче од Панчево почина како последица на тешките повреди здобиени во пожарот што го зафати нивниот дом на 24 март.

Пожарот избувнал во вечерните часови во куќа на улицата „Олга Петров“. Мајката, Миљана, успеала преку прозорец да ги извлече двете помали ќерки на безбедно.

Во меѓувреме, таткото Марко влетал во запалената куќа за да ја спаси најстарата ќерка, која во тој момент се наоѓала во бањата.

При спасувањето, и двајцата се здобиле со тешки изгореници и вдишале големо количество чад, по што итно биле пренесени во болница.

Марко набргу им подлегнал на повредите, додека девојчето, и покрај напорите на лекарите, синоќа ја изгуби животната битка.

Веста ја пренесува Podzemlje.republika

Видеото може да го погледнете тука!

Претходна вестСин на поранешна градоначалничка во Македонија заврши во притвор
Следна вестГолема тага: Почина Вања, жената што ја обедини Македонија