61-годишна жена и нејзиниот 71-годишен сопруг од Македонија за првпат станаа родители – добија здраво машко бебе

Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен сопруг од Македонија за првпат станаа родители, откако успешно била спроведена ин витро постапка во болницата „Д-р Органџиски“.

Двојката добила здраво машко бебе, а од болницата случајот го оцениле како историски успех, имајќи ја предвид возраста на родителите, како и сложеноста на медицинската постапка што ѝ претходела на бременоста.

Според објавените информации, бременоста била постигната по внимателна и индивидуализирана медицинска подготовка.

Пред успешната ин витро постапка, кај 61-годишната жена била извршена хистероскопска реконструкција на матката. Во постапката биле користени и донирани јајце-клетки.

По спроведената медицинска процедура и бременоста, двојката го добила своето прво дете.

Од болницата информирале дека мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Случајот привлече големо внимание во јавноста поради возраста на двајцата родители, но и поради комплексноста на медицинскиот процес што му претходел на успешното остварување на бременоста.

Таткото има 71, а мајката 61 година и ова е нивното прво дете.

Претходна вестТрактор излетал од патот, загина возачот