Причината за пожарот засега е непозната
Густ црн чад покри повеќе автомобили, кои денеска гореа на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, објави ТВ 21.
Пламените јазици од првичните две, се прошириле на вкупно пет паркирани возила.
Причината за пожарот засега не е позната, а на терен се противпожарни екипи.