Попладнево силно невреме проследено со интензивен дожд и врнежи од град го зафатија Крушево и околината.
Метеорологот Славчо Попоски на социјалните мрежи објави видео од невремето, на кое може да се забележи силниот интензитет на дождот и врнежите од град што за кратко време ја зафатија оваа област.
Според информациите, нестабилното време било проследено и со засилен ветер и грмежи.
Граѓаните споделуваат фотографии и видеа од погодените места, а надлежните апелираат на внимателно движење и следење на временските предупредувања.
Метеоролозите и во текот на вечерта најавуваат локална нестабилност и можност за нови врнежи во повеќе делови од државата.




