(ВИДЕО) Шварценегер диригираше со оркестарот на „Октоберфест“ во Минхен

101

Во Минхен, Германија се одржува „Октоберфест“ – можеби најпознатиот фестивал на пивото во светот. И годинава, милиони посетители не ѝ одолеаја на приликата за повеќедневната забава со традиција долга повеќе од два века, па тука е и легендарниот „Терминатор“.

Арнолд Шварценегер, инаку Австриец по потекло, повторно диригираше со оркестарот пред гостите во салата „Марстал“. Инаку, беше придружуван од неговата девојка, 28 години помладата физиотерапевтка од Калифорнија – Хедер Милиган, со која се запозна пред 12 години, кога се опоравуваше од операцијата на рамото. Тој притоа изјави дека „Октоберфест“ е убедливо најдобриот фестивал во светот.

Холивудскиот глумец и бодибилдерска легенда е редовен посетител на „Октоберфест“. Но, се чини дека ова време од годината тој отстапува од својата 80 отсто веганска исхрана, до којашто, како што сам вели, се придржува за да го држи холестеролот под контрола.

Инаку, неговото присуство како „диригент“ на „Октоберфест“ – е своевидна традиција што трае веќе неколку години.

И покрај зголемените безбедносни мерки поради заканите од терористички напади и детекторите за метал на влезовите, саемот на пивото и баварски колбаси оваа година треба да го посетат околу шест милиони луѓе. Цените, веќе вообичаено, секоја година се зголемуваат, па литар пиво сега чини 15 евра. „Октоберфест“ се затвора на 6 октомври.

претходниот член,Екслозија во кафуле во Келн
Следната статијаБезалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест