Видео од хотелска соба предизвика лавина реакции – водителката Јована ги „запали“ социјалните мрежи

1765

Водителката Јована Јеремиќ повторно ги разбранува социјалните мрежи откако сподели видео на кое танцува во костим за капење во хотелска соба.

Во краткиот клип, таа самоуверено позира и танцува во ритамот на музиката, истакнувајќи дека е задоволна од својот изглед. Дел од следбениците забележаа дека водителката видливо ослабела, а нејзината линија брзо стана тема на коментари.

„Време е за спа и уште тренинзи!“, напиша таа во описот на објавата.

Како и обично, реакциите беа поделени – едни ѝ упатија комплименти и порачаа дека никогаш не изгледала подобро, додека други изнесоа критики. Сепак, јасно е дека Јеремиќ знае како да го задржи вниманието на јавноста и повторно да стане една од најкоментираните личности на мрежите.

Претходна вестНајатрактивните жени се родени во овие четири хороскопски знаци
Следна вест(ВИДЕО) Полицијата на терен – блокирани голем број влезови во овој македонски град