(ВИДЕО) Не е на добро: Опожарени два автомобили во Кисела Вода – еве на кого се

165

Во пожарот, во кој нема повредени, според информациите од МВР, зафатен бил и дел од фасадата од приземјето на една зграда, а оштетени биле и прозорци

Два автомобили, вчера, биле опожарени во скопската населба Црниче во Општина Кисела Вода.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека опожарувањето на возилата било пријавено вчера, во 01:55 часот и оти станува збор за возила „фолксваген џета“ со скопски регистарски ознаки и „форд фокус“ со српски национални ознаки.

Возилото „фолксваген џета“, како што информираат од МВР, било сопственост на правно лице од Скопје, додека „форд фокусот“ бил сопственост на лицето Н. С. од Република Србија.

Од пожарот, според информациите од МВР, зафатен бил и дел од фасадата од приземјето на една зграда, а оштетени биле и прозорци. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

„Повредени лица нема. Извршен е увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Целиот текст на „360степени“.

Претходна вестХАОС: 49-годишна скопјанка истепана од својот брат, се расчистува случајот
Следна вестСТРАШНО: За 48 часа, светот ќе влезе во нова војна – ЦИА предупреди, Иран ќе го нападне Изреал