Шпанија е новиот светски фудбалски шампион, откако во големото финале на Светското првенство ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и заслужено ја освои титулата.
Одлуката падна во 106. минута, кога Феран Торес го постигна единствениот погодок на натпреварот и ја донесе големата победа за „црвената фурија“.
Финалето, сепак, не помина без тензии. Аргентина во продолженијата остана со играч помалку откако Енцо Фернандес заработи втор жолт картон, односно беше исклучен поради опасен старт.
Посебно внимание привлече и Леандро Паредес, кој уште во текот на мечот беше опоменат со жолт картон поради низа остри реакции и несогласувања на теренот. Во фудбалската јавност се појавија реакции дека Аргентинецот можел да биде исклучен и во завршницата од регуларниот дел, по уште еден груб старт.

По последниот судиски свиреж, ситуацијата дополнително се вжешти. Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, Паредес влегол во конфликт со шпанските фудбалери, што предизвикало турканици и хаос на теренот.
Инцидентот предизвика голем број реакции кај навивачите и фудбалските љубители, кои сметаат дека ваквото однесување не му прилега на финале на најголемото фудбалско натпреварување.
Додека Шпанија го слави најголемиот успех и новата светска титула, Аргентина останува со разочарувањето од поразот и непотребните сцени по завршувањето на мечот.
l🚨 𝗡𝗘𝗪: GAVI AND PAREDES ARE FIGHTING AFTER THE GAME!
PAREDES ARE YOU F*CKING OUTNOT YOUR MIND, SHAME ON YOU NOTHING OTHER TAH FOULS AND COMOLAINING, GO HOME!!!!! 🤬🤬#ESPARG
🎥 – @soongarbett_29 pic.twitter.com/U3jth9JSUH— The Football Frame | 🎥👀 (@Fabian_Manu2025) July 19, 2026




