Крајно тажна слика на спортски терени, каде се натпреваруваат млади дечиња. Осумгодишна косовска теквондистка доби шлаканица од својот тренер на Европското првенство што се одржува во Тирана.
Целиот напад се случил откако девојчето загуби од Нина Савиќ од Србија во финалето на Европското првенство за кадети и деца. Теквондистката од Србија Нина Савиќ го освои златниот медал, токму против косовската теквондистка, која беше сребрена.
Како што пишуваат косовските и албанските медиуми младата теквондистка од Косово, В.Ф., добила шамар од тренерот Валмир Фетиу кој е и нејзин татко.
Наместо потоа да се изивни, тој за медиумите изјавил дека шамарот бил воспитен односно да ја смири.
„Таа требаше да се смири, бидејќи загубата ја зеде при срце. Почна да плаче и да вреска и не сакав да ја видам во таква состојба пред другите“, изјави Фетиу.
Тренерот веднаш е суспендиран на шест месеци.
— Pluton (@Pluton45873221) November 10, 2024