Како се ликвидирани Кум и Шиптар во акцијата „Сабја“: Лидерите на кланот Земун – малку познати факти

10431

Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум, водачите на Земунскиот клан, беа убиени на 27 март 2003 година во рамките на полициската акција „Сабја“, само 15 дена по атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

За тоа време и настаните по атентатот на првиот демократски избран премиер на Србија, сведочи и истоимената драмска серија „Сабља“, која се емитува на РТС.

Една дојава ги навела припадниците на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) до Спасојевиќ и Луковиќ, кои се криеле во куќа во градот Мељак, во близина на Белград. Споменатата викендица ја посетил и чичкото на Кум, Милет Луковиќ.

Како што објавија медиумите, припадниците на САЈ излегле на местото на настанот, ја опколиле зградата во која имало двајца мажи, кои биле видени како ја напуштаат куќата. Веднаш неколку пати биле предупредени да престанат, но тие го игнорирале тоа. Според видеото на МУП, кое јавноста можеше да го види по завршувањето на акцијата, двајцата со оружје во рака се обиделе да излезат од опколената куќа.

Душан Спасојевиќ Шиптар бил вооружен со митралез, односно српска верзија на „калашников“ која за разлика од автоматската пушка на истиот производител има ногарки и подолга цевка, додека Миле Луковиќ Кум носел рачна бомба.

Прв настрадал Душан Спасојевиќ Шиптар, а по него Миле Луковиќ Кум, кој, како што се наведува, се обидувал да активира рачна бомба, но не успеал во тоа. Судејќи по снимката на МУП и двајцата починале на лице место. Обдукцијата на нивните тела покажала дека биле застрелани повеќе пати во телото и главата.

Покрај Миленковиќ и Луковиќ, во викендицата бил и Дејан Миленковиќ Баџи, кој подоцна станал сведок-соработник.

Миленковиќ потоа успеал да побегне, но една година подоцна бил уапсен во Грција и предаден на правосудните органи на Србија.

Како што изјави пред неколку години поранешниот началник на Одделот за криминалистичка полиција (УКП) Миле Новаковиќ, кој и самиот учествувал во акцијата „Сабја“, Баџи побегнал на едната, а Шиптар и Кум на другата страна.

– Багзи претрча покрај борбеното возило, успеа да стигне до грмушките и избега. Ќе остане вечна мистерија – рече тој.

И покрај официјалните информации од МУП, ликвидацијата на Спасојевиќ и Луковиќ била проследена со бројни полемики и тогаш и подоцна, а меѓу главните теории била и онаа според која водачите на Земунскиот клан воопшто не биле убиени во Мељак во акција на САЈ.

Ова, меѓу другото, во својата книга напишана во затвор го тврди главниот извршител на Земунскиот клан, Сретко Калиниќ, кој, мислејќи на затворските чувари, напишал дека наводно Шиптар и Кум биле убиени два дена претходно во затворот, „и нивните тела потоа беа влечени на тоа место, да изгледа како да загинале во престрелка со полицијата“.

Од друга страна, Миле Новаковиќ, поранешниот прв човек на УКП, рече дека се измислени приказните дека Спасојевиќ и Луковиќ некаде биле уапсени, испрашувани и убиени, па донесени кај Мељак или дека таму биле донесени и убиени.

– Командантот на САЈ ја дизајнираше акцијата за апсење. Најпрво направија поширок обрач во викенд населбата, а потоа напредуваше ударната екипа САЈ со борбени возила. Тие ја пробија вратата од дворот и се упатија кон погрешна викендичка. Сè експлодираше. Бегалците веднаш сфатиле за што се работи. Ги исфрлиле торбите, скокнале низ прозорецот и трчале во два правци. Спасојевиќ и Луковиќ кон овоштарникот, Миленковиќ на спротивната страна… САЈ сфатија што се случи, истрчаа кон вистинската викендица, Спасојевиќ и Луковиќ истрчаа кон поширокиот ринг. Се слушна: „Стоп, полиција, застани, ќе пукам“, а потоа рафал – рече Новаковиќ.

Претходна вест(ВИДЕО) 8-годишна теквондистка од Косово шамарана од тренерот откако загуби на европско првенство
Следна вестКаква казна заслужуваат: На лице место затекнати повеќе лица како палат депонии – кои го загадуваат воздухот