Вечерва нема да се спие: Израел уби командант на Хезболах

196

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во бомбардирање на јужен Либан убиле тројца членови на милитантната група Хезболах, од кои еден бил командантот Исмаил Баз.

Хезболах соопшти дека жали за смртта на Баз, но не даде повеќе детали, додека ИДФ соопшти дека тој бил командант на крајбрежниот сектор на групата и бил вклучен во планирањето на ракетните напади врз Израел.

Во одделни напади, ИДФ убил уште двајца членови на Хезболах, гаѓајќи ги нивните автомобили.

Претходна вестВладата го задолжи МВР да достави комплетна информација за случајот со новинарот Фуркан Салиу
Следна вестСе е бело: Голема количина на снег има во одредени делови од Балканот – еве каква е ситуацијата