Ужасна вест во Македонија: Опасната болест повторно присутна, заразени два нови случаи

1575

Двајца македонски граѓани, патници од Куманово и Скопје, во февруари биле дијагностицирани со маларија по враќање од патувања во Занзибар и Сиера Леоне.

Пациентите, на возраст меѓу 40 и 60 години, биле лекувани во болнички услови и сега се во добра општа состојба, што покажува дека инфекцијата била навреме препознаена.

Министерството за здравство нагласува дека овие случаи не значат локално ширење на маларија, но претставуваат јасно предупредување дека патувањата кон африкански и други ендемски подрачја носат здравствени ризици што не смеат да се потценуваат.

Маларијата се пренесува преку убод од заразен комарец, а првите симптоми се појавуваат 10 до 15 дена по инфекцијата. Треска, студеници и главоболка се најчестите знаци, а без навремено лекување болеста може да премине во тешка и животозагрозувачка форма.

Претходна вестКонечно убави денови и за нив – Април носи пари: Три хороскопски знаци со финансиска среќа
Следна вестКомплетен пресврт во случајот со девојката која скокна од балкон – сега излезе целата вистина на виделина